• понеделник, 23 декември 2024

Напролет претстои градежна офанзива во Прилеп, најави Мицкоски

Напролет претстои градежна офанзива во Прилеп, најави Мицкоски

Прилеп, 11 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека од напролет почнува градежна офанзива во Прилеп. Најави изградба на 40 улици, обиколница, геолошки истражувања за катна гаража.

- Напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште 2 други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овдека во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп исто така и влезот од кај Македонски Брод исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп, изјави Мицкоски.

Тој на демешниот празник „11 Октомри“ престојуваше во Прилеп, од каде истакна дека македонскиот народ обединет го поразил фашистичкиот злостор во Втората светска војна.

- Не треба на тоа да гледаме онака како власта што не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата. Така е и денеска, така ќе биде и во иднина.  Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава, изјави Мицкоски.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески рече дека во тек е изградба на капитални проекти во Прилеп - поплочување на дел од плоштадот Борка Талевски и изградба на цевковод Пашовски ливади.

- Плоштадот Борка Талески е единствениот незавршен крак кој со автентични гранитни плочи се поплочува и е во завршна. Го посетивме и цевководот „Пашовски ливади“каде успеавме да ја реализираме третата фаза и Прилеп ќе биде обезбеден со околу 15 проценти плус питка вода од онаа вода која ја обезбедуваме преку Студенчица. Овие капитални проекти се надеваме дека ќе придонесат да го вратиме сјајот во Прилеп. Наскоро подготвуваме и градежна офанзива со тоа што се дефинираат повеќе од 40 улици, се мапираат кои ќе бидат рехабилитирани и обновени со нов асфалт, рече прилепскиот градоначалник Јовчески при денешниот увид на работите на поплочување на плоштадот во центарот на Прилеп.ем/фф/

Остани поврзан