• недела, 22 декември 2024

Напредок во индиректните преговори меѓу САД и Иран

Напредок во индиректните преговори меѓу САД и Иран
Виена, 1 мај 2021 (МИА) – Високи дипломати од Кина, Германија, Франција, Русија и Велика Британија постигнаа напредок во денешните разговори за враќање на САД во нуклеарниот договор со Иран, но исто така изјавија дека им треба повеќе работа и време за да се постигне конечен договор. По средбата, рускиот претставник Михаил Улјанов на Твитер напиша дека членовите на Заедничкиот сеопфатен акциски план или JCPOA „денеска забележаа неспорен напредок постигнат во виенските преговори за обновување на нуклеарниот договор“. - Заедничката комисија ќе се состане повторно на крајот на следната недела, напиша Улјанов. САД немаа претставник на преговорите во Виена, бидејќи поранешниот претседател Доналд Трамп еднострано ја повлече земјата од договорот во 2018 година. Трамп исто така ги обнови и зајакна санкциите со цел да се обиде да го принуди Иран да преговара за договор со повеќе отстапки. Американскиот претседател Џо Бајден сака повторно да се приклучи на договорот, а американската делегација во Виена учествуваше во индиректни разговори со Иран, додека дипломатите од другите светски сили дејствуваа како посредници. јт/

Остани поврзан