• понеделник, 20 мај 2024

Наполи ремизираше против Рома, Елмас влезе од клупата за резерви

Наполи ремизираше против Рома, Елмас влезе од клупата за резерви
Неапол, 18 април 2022 (МИА) – Фудбалерите на Наполи ги намалија шансите во трката за шампионската титула во Италија, откако вечерва одиграа нерешено 1-1 (1-0) против Рома на домашен терен во рамки на 33. коло во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе на теренот од клупата за резерви во 68. минута на местото на Хирвинг Лозано, и имаше зрела шанса за гол три минути подоцна, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Патрисио. Наполи поведе преку Инсиње од пенал во 11. минута, а тимот на Жозе Мурињо, иако од 80 минута играше со фудбалер помалку, обезбеди бод во 90. минута со голот на Абрахам. Наполи остана третопласиран со 67 бодови, два помалку од вториот Интер, кој има и натпревар помалку, а четири од лидерот Милан на пет кола до крајот на сезоната. ег/см/  

Остани поврзан