• вторник, 09 декември 2025

Наполи остана непоразен дома цела година во Серија А за прв пат по 38 години

Наполи остана непоразен дома цела година во Серија А за прв пат по 38 години

Неапол, 8 декември 2025 (МИА) - Наполи остана непоразен дома во Италијанското фудбалско првенство во 2025 година.

Тимот предводен од Антонио Конте синоќа го победи Јувентус со 2:1 дома во 14. коло. Ова беше е последниот домашен натпревар на Наполи 2025 година. Така, за прв пат од 1987 година, Наполи не загуби домашен меч во една календарска година.

За Наполи игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

По 14 натпревари, Наполи е лидер во Серија А со 31 бод. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан