• недела, 17 ноември 2024

Наполи може да му понуди на Осимен зголемување на платата и ослободителна клаузула од 160 милиони евра

Наполи може да му понуди на Осимен зголемување на платата и ослободителна клаузула од 160 милиони евра

Неапол, 29 мај 2023 (МИА) - Наполи има намера да го задржи Виктор Осимен за кого се заинтересирани Челзи, Баерн и ПСЖ.

 

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис размислува да го обнови договорот на Осимен со значително зголемување на платата, која моментално изнесува 4,5 милиони долари годишно.

 

Сè уште нема официјални понуди од други клубови за 24-годишниот напаѓач, а Де Лаурентис за Нигериецот планира да вклучи клаузула за ослободување од 160 милиони евра во новиот договор, пренесува „Calciomercato“.

 

Актуелниот договор на напаѓачот е до јуни 2025 година.

 

Со 25 гола на 31 натпревар, Осимен води во трката за најдобар стрелец во Серија А. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан