• сабота, 21 декември 2024

Наполи е подготвен да направи попуст за Милик за клубовите во Премиер лигата

Наполи е подготвен да направи попуст за Милик за клубовите во Премиер лигата
Неапол, 31 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да ја продолжи кариерата во Англија, пренесува „Ла Република“. Според изворот, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го отфрлил предлогот на Јувентус, затоа што не сака да го зајакне конкурентот. Сепак, Наполи може да понуди попуст за 26-годишниот Полјак за клубовите во Премиер лигата. Беше објавено дека за напаѓачот се заинтересирани Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед и Арсенал. Во тековната сезона, Милик има одиграно 22 натпревари на сите турнири, на кои постигна 12 голови. зс/

Остани поврзан