Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист, изјави министерот за внатрешни работи
- Извршителот на вчерашниот напад со нож во јужниот австриски град Филах, во кој загина 14-годишно момче, е осомничен исламист кој се радикализирал на интернет, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
Виена, 16 февруари 2025 (МИА) - Извршителот на вчерашниот напад со нож во јужниот австриски град Филах, во кој загина 14-годишно момче, е осомничен исламист кој се радикализирал на интернет, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.
Во нападот беа повредени уште пет луѓе.
Полицијата го идентификуваше сторителот како 23-годишен Сириец кој поднел барање за азил.
На прес-конференција Карнер објави дека нападот, во кој беа повредени и пет лица, е поврзан со ИД. зш/
фото ЕПА