• четврток, 26 март 2026

Нападот врз Хамас во Доха за Херцог е исправна одлука, а за Абас кршење на меѓународното право

Нападот врз Хамас во Доха за Херцог е исправна одлука, а за Абас кршење на меѓународното право

Ерусалим, 9 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Израел, Исак Херцог изјави дела одлуката за напад врз Хамас во Катар е исправна одлука, додека за палестинскиот претседател Махмуд Абас е „грубо кршење на меѓународното право“.

- Одлуката на премиерот и министерот за одбрана, заедно со раководството на ИДФ и Шин Бет, да го нападнат раководството на Хамас е важна и правилна. Да не заборавиме – Халил ал Хаја е крволочен терорист со крвта на илјадници луѓе на рацете, еден од архитектите на масакрот од 7 октомври, како и многу негови колеги“, објави Херцог на платформата Икс.

И Абас го коментираше израелскиот напад на Икс, оценувајќи го како „грубо кршење на меѓународното право и ескалација што се заканува на безбедноста и стабилноста на регионот“.

Тој истакна дека треба да запре ескалацијата бидејќи нејзиното продолжување „ќе има последици не само по регионот, туку и по целиот свет“. ми/

фото: Икс

Остани поврзан