• понеделник, 23 декември 2024

Намирници поволни за здравјето и работата на белите дробови

Намирници поволни за здравјето и работата на белите дробови
Скопје, 13 ноември 2020 (МИА) - Одржувањето на здравјето на белите дробови е клучно за да се чувствувате добро. Но, голем број фактори, како што се цигарите и изложеноста на загаденоста и токсини во животната средина, можат да го нарушат здравјето на овие важни органи. При оваа пандемија на коронавирус, којшто најмногу ги напаѓа белите дробови, здравјето на овој дел од телото е од уште поголемо значење. Следува список од 20 производи и намирници кои можат да ја подобрат работата на белите дробови... Цвеклото и репката се богати со нитрати, за кои е докажано дека ја подобруваат функцијата на белите дробови. Нитратите помагаат во опуштање на крвните садови, го намалуваат крвниот притисок и го оптимизираат внесот на кислород. Пиперката е еден од најбогатите извори на витамин Ц кој делува како моќен антиоксиданс во телото. Внесувањето на витамин Ц е особено важно за пушачите За јаболката, истражувањата покажаа дека консумирањето пет или повеќе од нив неделно е поврзано со подобра функција на белите дробови и намален ризик од развој на хронично белодробно заболување. Ова може да се должи на високата концентрација на антиоксиданси во јаболкото, вклучувајќи ги флавоноидите и витаминот Ц. Тиквата содржи многу соединенија кои помагаат во одржување на здравјето на белите дробови. Особено е богат со каротеноиди кои имаат моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Куркумата, исто така,често се користи за подобрување на целокупното здравје поради своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни влијанија. Куркуминот - главната активна состојка на куркумата, може да биде особено корисен за белите дробови. Доматот пак, е еден од најбогатите извори на ликопен во исхраната. Докажано е дека доматите го намалуваат воспалението на дишните патишта кај луѓето со астма. Тука спаѓаат и боровинките, зелениот чај, црвената зелка, гравот, маслиновото масло, остриги, јогуртот, бразилските ореви, блитвата, рибата сардела... Кафето, покрај обезбедувањето енергија наутро, може да помогне и во заштита од респираторни заболувања. Кофеинот делува поволно во отворање на крвните садови и може да помогне во намалување на симптомите на астма, барем на краток рок. Во таа смисла, се препорачува и какао, јачмен, леќа... Леќата е богата со многу хранливи состојки што помагаат во подобрувањето на работата на белите дробови, вклучувајќи тука и магнезиум, железо, бакар и калиум. Медитеранската храна којашто се поврзува со здравјето на белите дробови, е исклучително богата со мешунки како, на пр. леќата. си/сд/

Остани поврзан