• понеделник, 25 ноември 2024

Наместо низа дополнителни дози против Ковид-19-наскоро ќе има само една вакцина за цел живот

Наместо низа дополнителни дози против Ковид-19-наскоро ќе има само една вакцина за цел живот
Токио, 1 јануари 2022 (МИА) – Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист. Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво. Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за големи сипаници, ќе помогне да се искорени опасниот коронавирус. Кохара веќе три децении работи на темата вирус вакцинија (vaccinia virus), кој се користел во вакцината против сипаници, а кој бил развиен во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер. Неговата вакцина успешно искоренила заразна болест, а последниот познат случај бил пациент од Сомалија во 1977 година. Во април 2020 година, Кохара, во соработка со Националниот институт за заразни болести, почна да го развива рекомбинантниот вирус вакцинија, кој го содржи шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на Ковид-19. Неговиот тим избра непатоген вид на вакцина наречена DIs, кој делува како исклучително ефикасен и безбеден вирусен вектор. Револуционерната вакцина на Кохара може да произведе моќни неутрализирачки антитела во рок од една недела по имунизацијата и да понуди долготрајна заштита. И ако две инјекции од вакцината се дадат со разлика од три недели, неутрализирачките антитела се зголемуваат за дури десет пати. Вакцината, исто така, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон. Друга предност е нејзината способност да се чува долго време на собна температура. - Оваа вакцина може да предизвика антитела и да создаде доживотен имунитет. Една инјекција ја задржува својата ефикасност повеќе од 20 месеци, а не постои друга вакцина која може да постигне такви ефекти, изјави Мичинори Кохара. Јапонскиот производител на лекови Nobelpharma Co. планира да ги спроведе првата и втората фаза од клиничките испитувања на вакцината на Кохарин до почетокот на 2023 година. Студијата ќе вклучи 150 до 200 волонтери, вклучувајќи ги и оние кои го прележале вирусот и оние кои биле целосно вакцинирани. Доколку се потврдат ефикасноста и безбедноста, завршната фаза од клиничкото испитување треба да започне веднаш потоа, а комерцијализацијата на вакцината е закажана најрано за 2024 година. Кохара исто така тврди дека неговата вакцина предизвикува многу помалку несакани ефекти. Тоа го поткрепува и фактот што вирусите во вакцината против сипаници се користеле повеќе од два века и биле безбедни. Пред искоренувањето на големите сипаници во 1980 година, вакцината се користеше до 1976 година, а ја примаа речиси сите луѓе родени пред 1976 година. јт/

Остани поврзан