• понеделник, 23 декември 2024

Намален водостојот на Охридското Езеро

Намален водостојот на Охридското Езеро

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за седум сантиметри понизок од просечниот за октомври. Пониско од просечното и тоа за 1,93 метри е и нивото на Преспанското Езеро со што е на 17 сантиметри под апсолутно појавениот минимум. Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 1,7 метри повисок од повеќегодишниот пресек за овој период од годината.

Нивоата на реките во земјава се речиси исти како вчера. Најголемо зголемување на водостојот од 30 сантиметри во споредба со вчерашниот има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување од четири сантиметри повторно има Вардар, но кај Демир Капија. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан