• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година.

Според податоците  што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната  учебна година. На почетокот на 2024/2025 година,  во средните училишта имало 67 143 ученици.

Во објавата на ДЗС се содржани податоци за број на училишта и паралелки,  застапеност на ученици според пол и возраст, број на наставници, број на ученици во специјални и во верски училишта итн. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан