• недела, 22 декември 2024

Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година

Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. 

Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот. бак/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан