• петок, 22 ноември 2024

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла
Скопје, 24 јануари 2021 (МИА) - По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи. Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, но истакнаа дека на инфективните одделенија има слободни кревети. Според последните податоци, вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје. – Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, се наведува соопштението на  МЗ. Од Министерството за здравство наведоа дека според последните извештаи на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. – Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ. Од Министерството истакнаа дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, оздравени пациенти се 76423, починати 2779. Досега се направени 441134 тестирања на КОВИД-19. см/цр      

Остани поврзан