• понеделник, 23 декември 2024

Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро

Намалени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро. Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава. вј/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан