• четврток, 21 ноември 2024

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) – За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за јуни и тоа за 2,62 метра. Нивото, пак, на Охридското езеро е исто со просечното, а на Преспанското е пониско за 1,85 метри. Намалување на водостојот од 20 сантиметри во споредба со вчера има и реката Струмица на мерното место кај Ново Село. Кај останатите реки во земјава нивото е исто или минимално зголемено и намалено во однос на вчерашното. вј/лв/

Остани поврзан