• четврток, 26 март 2026

НАИ во Гостивар ја презентираа предизборната програма за младите

НАИ во Гостивар ја презентираа предизборната програма за младите

Гостивар, 6 октомври 2025 (МИА) – Национална алијанса за интеграција со кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и носителот на листата за советници, Валдет Џафери на дебатна средба со млади претстави дел од предизборната програма во која се предвидени проектите за оваа група на граѓани.

Лимани напомна дека еден од приоритетите кои ќе ги реализира во наредниот мандат е поддршката за младите до 30 годишна возраст и новината за која на средношколците ќе им помогне во справувањето со булингот и проблемите со кои се соочуваат.

- На младите кои ќе почнат стартап бизнис, општината ќе ги субвенционира со по 60.000 денари. Нашата заложба ќе биде да ги опфатиме и средношколците на начин што во средните училишта ќе се назначуваат „амбасадори на почитта“. Тие претставници ќе се занимаваат нивните соученици кои се биле на удар на насилство или булинг и едни со други ќе разговараат за сите проблеми кои ги имаат, рече Лимани.

Тој посочи дека општина Гостивар е меѓу ретките кои ги има спроведено законските обврски со младинските политики и млади и вети дека во новиот четиригодишен мандат ќе се делува во правец на создавање на подобри услови за младите.

Носителот на листата од НАИ, Валдет Џафери искажа подготвеност за поддршка на младите во општинскиот совет и нагласи дека толку заради тоа на листата има кандидати од помладите генерации.

- На оваа средба сакаме да ги претставиме нашите гледишта и да слушнеме предлози за да знаеме како да ги планираме и да ги спроведеме барањата на младите во нашиот град, низ една институционална форма и во согласност на надлежностите на општинскиот совет. Дел од кандидатите се млади и заедно со нив ќе се обидеме да работиме за нивната иднина, рече Валдет Џафери носителот на листата од НАИ за општина Гостивар.

По обраќањата присутните поставуваа прашања и даваа предлози кои би им биле од корист. згм/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан