• недела, 22 декември 2024

Назначен републикански претставник кој ќе го истражува нападот врз Капитол

Назначен републикански претставник кој ќе го истражува нападот врз Капитол
Вашингтон, 25 јули 2021 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска официјално го назначи републиканскиот претставник Адам Кинцингер за член на комитетот. Тој ќе го истражува нападот извршен врз американскиот Капитол на 6 јануари од страна на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Пелоси во соопштение наведе дека Кинцингер „носи голем патриотизам во мисијата на одборот, што подразбира пронаоѓање на фактите и заштита на американската демократија“. Засега е непознато дали таа ќе именува уште некој републиканец. Претходно, Пелоси во интервју за Еј-Би-Си рече дека и други републиканци изразиле интерес да работат на панелот. Кинцингер (43) е ветеран во авијацијата и отворен критичар на Трамп. Тој беше еден од седумте републиканци кои гласаа за отповикување на Трамп на почетокот на оваа година поради обвинение за поттикнување напад врз Капитол. паг/    

Остани поврзан