• сабота, 23 ноември 2024

Назначени нови членови на Одборот на Обединетата македонска дијаспора

Назначени нови членови на Одборот на Обединетата македонска дијаспора

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Обединетата македонска дијаспора (ОМД), глобалната организација што го претставува гласот на Македонците насекаде во светот, ги назначи Софи Иванов, д-р Јован Ласковски и Александар Поповски за членови на нејзиниот Глобален борд, наведува организацијата во денешното соопштение.

- Од 2004 година, ОМД е секогаш на првата линија на меѓународното македонско застапување, зачувување на културата и напорите за образование, градејќи гордост на нашето богато културно наследство, поддржувајќи ги Македонците во нивните професионални животи и обезбедувајќи енергична заедница заснована на нашето заедничко потекло без разлика на границите, пишува во соопштението.

Според Арги Н. Белио, претседавач на Бордот, „Софи, Јован и Алекс, сите поранешни добитници на наградата на ОМД македонска дијаспора 40 испод 40 години и долгогодишни членови на ОМД, носат нова разновидна и енергична перспектива во ОМД - со нетрпение очекувам да работам со нив за да ја одведиме организацијата на едно ново повисоко ниво и да обезбедиме Македонците да останат горди на нашите корени, но и да преземат акција и да се вклучат повеќе во македонската кауза.” бд/ац/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан