• среда, 29 јануари 2025

Над 81.000 Сиријци се вратиле во својата татковина од Турција по промената на режимот во Сирија

Над 81.000 Сиријци се вратиле во својата татковина од Турција по промената на режимот во Сирија

Анкара, 29 јануари 2025 (МИА) - Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека над 81.000 Сиријци се вратиле во својата татковина од Турција по падот на режимот на Башар Асад, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

„Од 9 декември досега во својата земја се вратиле 81.576 сириски државјани. Од 2017 година, досега, во Сирија се вратиле 821.529 Сиријци“, прецизира Јерликаја.

Според него, моментално во Турција има 4.121.663 странци кои легално престојуваат, од кои 2.865.430 се Сиријци.

„Во 2024 година депортирани се 142.536 илегални мигранти. Извршени се 7.871 операција против криумчарење мигранти, а над пет илјади лица се уапсени. Нашата главна цел во борбата против илегалната миграција е да спречиме формирање на „гравитациска сила кон нашата земја“. Миграцијата е проблем кој бара глобална одговорност. Придаваме големо значење на соработката, особено со нашите соседи, додаде Јерликаја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан