• недела, 19 мај 2024

Над 6.000 жители на руската Курганска област се евакуирани поради поплави

Над 6.000 жители на руската Курганска област се евакуирани поради поплави

Москва, 11 април 2024 (МИА) - Повеќе од 6.000 луѓе кои живеат во руската Курганска област се евакуирани поради поплави, јавија руските медиуми.

Поплавите од топењето на снегот принудија повеќе од 110.000 души во планинскиот венец Урал, во Сибир и Казахстан да ги напуштат своите домови, откако реките Урал и Тобол излегоа од нивните канали.

Во областа се отворени речиси 100 пунктови за привремено сместување, за кои се собираат потребните количини храна и вода за пиење. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан