Над 2000 балерини на Европското првенство во џез, модерен и класичен балет во Скопје
- Над 2000 балерини од 23 земји беа дел од Европското првенство во џез, модерен и класичен балет, што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ од осми до 11 септември 2022 година.

Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Над 2000 балерини од 23 земји беа дел од Европското првенство во џез, модерен и класичен балет, што се одржа во СЦ „Јане Сандански“ од осми до 11 септември 2022 година.
Организатори на првенството се танцовите клубови Студио „Брејк а лег“ и „Ит да бит“ од Скопје. Покрај балерните, кои имаа можност да ги презентираат и гледаат врвни кореографии, имаше и околу 5000 гости од странство.
-Да се организира ваков настан бара многу ангажман и огромен тим бидејки натпреварот се одвиваше во две сали истовремено, додека последниот натпреварувачки ден беше во три сали симултано и се функционираше перфектно. Овој натпревар е рекорден по број на учесници, односно речиси двојно од последното европско во Прага, што е показател дека Северна Македонија е популарна дестинација за странците, а ние одлични домаќини, изјави Трајче Петковски, организатор на Европското првенство.
Следни големи танцови манифестации во земјава ќе бидат Европско првенство во хип-хоп и Светското првенство во латино во 2023 година. мд/са/
