• недела, 22 декември 2024

Над 200 жени на првата ноќна женска атлетска трка во Битола

Над 200 жени на првата ноќна женска атлетска трка во Битола

Битола, 17 јуни 2023 (МИА) - Над 200 жени учествуваа вечерва на првата женска атлетска трка чиј организатор е спортското здружение „Бори се за целта“.

Ноќната атлетска трка насловена „Биди своја“, почна во 19 часот пред битолскиот Офицерски дом и се одржа на патека долж улицата „Партизанска“ на која од двете страни, и покрај дождливото време, учесничките, спортистки и рекреативки, беа со аплауз поздравени од битолчани.

Сообраќајот за сите патнички и товарни возила го регулираа полициски службеници на СВР-Битола. мт/ар

Фото: МИА

Остани поврзан