Над 14.000 посетители на Зоолошката градина изминатиот викенд
- Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители, соопшти Град Скопје.

Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители, соопшти Град Скопје.
Град Скопје и ЈУ „Зоолошка градина“, како што посочуваат, во континуитет работат на подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност, велат, е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните.
- Апелираме до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија - едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните, се вели во соопштението. мс/нд/