На денешен ден
- 1491.- Роден е англискиот крал Хенри Осми. По прекинот со римокатоличката црква Хенри Осми спровел црковна реформа и прогласување на Англиканска црква (1534) независна од Ватикан, а со крал к
28 јуни 2022 (МИА)
1491.- Роден е англискиот крал Хенри Осми. По прекинот со римокатоличката црква Хенри Осми спровел црковна реформа и прогласување на Англиканска црква (1534) независна од Ватикан, а со крал како врховен верски поглавар. Тој успеал да ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно ја изградил силната флота - подоцна темел на англиската поморска сила.
1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Многу влијаел врз мислителите на своето и на подоцнежното време. Негови познати дела се „Расправа за науката и уметноста“, „Емил“, „Општествен договор“ и други. Умрел во Ерменонвил, на 2 јули 1778 година.
1836.- Умрел американскиот државник Џејмс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година.
1938.- Крунисана била британската кралица Викторија Прва, една година по наследувањето на престолот. Во текот на нејзиното владеење до 1901 година, честопати наречено „викторијанска епоха“, моќта на британската империја и нејзиното колонијално царство достигнале најголем успех.
1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри 4“, романот „Покојникот Матија Паскал“ и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умрел во Рим, на 10 декември 1936 година.
1873.- Роден е францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен е по откривањето на преносот (трансплантацијата) на ткива и одржување на живо ткиво надвор од организмот.
1880.- Во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест. Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се вратил во Крушево каде го затеклнало Илинденското востание Крушево каде го затекнало во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевскиот манифест. Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“. Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година. Историски трудови: „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.
1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почнал да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегувал еднаш неделно на бугарски јазик и наишол на голема реакција кај големобугарските кругови, кои го оцениле како сепаратистички. Покрај Главинов, во раководството на весникот се наоѓале и познатите македонски социјалисти Димо Хаџи Димов, Веле Марков, Андон Шулев и други. Последниот број излегол на 30 август 1895 година.
1914.- Во Сараево бил извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го извршил Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористиле австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28 јули 1914 година и објавила војна на Србија со што почнала Првата светска војна.
1919.- Во Версај, кај Париз, бил потпишан договор за мир меѓу претставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна.
1921.- Во Софија бил убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој бил еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако бил противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зел активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден бил во Варош, Прилепско, на 2 април 1965 година.
1935.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт наредил изработка на трезор за златните резерви на САД во Форт Нокс, во Кентаки.
1945.- Во Битола е роден Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Умрел во Ереван, Ерменија, на 18 септември 1996 година.
1956.- Во полскиот град Познањ задушени биле работничките немири во кои имало многу жртви, а тоа бил еден од првите изрази на општата криза во источноевропските земји по смртта на Сталин.
1976.- Сејшелските Острови во Индискиот Океан после 160 години се стекнале со независност од Велика Британија.
1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпишала Уставот на УНЕСКО, со што формално станала членка на оваа асоцијација на ООН.
1993.- Грција протерала илјади илегални имигранти во Албанија по одлуката на Тирана да го протера единствениот грчки православен свештеник.
1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.
1996.- Претседателот на Турција Сулејман Демирел му го доверил мандатот за состав на влада на водачот на исламската Партија за благосостојба Незмет Ербакан, кој по 73 години станал првиот исламски претседател на влада на Турција.
2001.- Починал Оливер Китановски (на 21 год.) од Башино Село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умрел од здобиени тешки рани во борбите на 23 јуни 2001 година против албанските терористи меѓу селата Брњарци и Арачиново.
2001.- На Хашкиот трибунал му бил испорачан Слободан Милошевиќ, поранешен претседател на СР Југославија.
###