• вторник, 19 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
21 февруари 2021 (МИА) 1437.- Шкотскиот крал Џејмс Први бил убиен од неистомислениците спречувајќи го неговиот обид да го сузбие влијанието на високото племство во водењето на државните работи. Успеал да ја зајакне кралската власт, особено во областа на судството и управата со што го изразил жестокиот отпор кон благородништвото. Се претпоставува дека тој е авторот на поемата „Кралска книга“. 1513.- Умрел папата Јулиј Втори, кој на чело на римокатоличката црква бил од 1503 до смртта во 1513 година. Тој бил најголемиот покровител на уметноста меѓу поглаварите на римокатоличката црква. 1613.- На рускиот престол дошол Михаил Романов, родоначалник на династијата Романови, која владеела со Руското царство 300 години, се до Февруарската револуција во 1917 година. 1677.- Во Хаг умрел Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло, еден од најистакнатите рационалисти и пантеисти во филозофијата. Најпознати негови дела се "Теолошко-политички трактат", "Политички трактат" и најзначајното дело "Етика", во кое го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Роден бил во Амстердам, на 24 ноември 1632 година. 1728.- Роден е рускиот цар Петар III Фјодорович Романов. Владеел само неколку месеци, од 5 јануари до 9 јули 1762 година, кога бил трагнат и само неколку дена потоа убиен по налог на неговата сопруга, подоцна царицата Катарина Велика. 1795.- Холандија и го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан. 1866.- Роден е германскиот бактериолог Аугуст фон Васерман кој во 1906 година ја вовел методата за преглед на крвта (Васерманова реакција) со помош на која е утврдено постоењето на сифилисот. Ја проучувал структурата на ќелиите, антитоксините, како и причините за појавата туберкулозата и ракот. 1893.- Роден е шпанскиот гитарист Андрес Сеговија, најголем мајстор на тој инструмент. Уште на седумгодишна возраст приредувал концерти ширум светот, извонредно изведувајќи ги делата на класичните мајстори со што на гитарата и обезбедил место меѓу инструментите на сериозна музика. 1902.- Во Велес е роден Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско актерство. Умрел во Скопје, на 29 јануари 1999 година. 1903.- Родена е американската писателка од француско-шпанско потекло Анаис Нин. Дела:  „Куќата на инцести“, „Под стаклено ѕвоно“, „Птички“. 1907.- Роден е Хју Одн, англиски поет и драмски писател. Познати негови поетски дела се „Песни“, „Говорница“, „Танц на смртта“, „Новогодишно писмо“ и други. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1971 година. Умрел на 28 септември 1973 година. 1916.- Германските трупи минале во офанзива кај Верден во Франција. Тоа била најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубиле околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имале исти загуби, успеал3 да го одбранат Верден и да ги запрат Германците. 1926.- Роден е Сем Пекинпо, американски филмски режисер, автор на криминалистички и вестерни филмови, што се карактеризираат со изразити ликови и краен реализам на филмските сцени. Автор бил на филмовите „Попладневни пукотници“, „Дива одра“, „Балада на Кејбли Хог“, „Шампиони на родеа“, „Пци од слама“ и други. Умрел во Лос Анѓелес, на 29 декември 1984 година. 1941.- Во авионска несреќа загинал канадскиот физиолог Фредерик Грант Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест во 1921 година го пронашол инсулинот со што го овозможил лекувањето на дотогаш смртоносната болест. За ова епохално откритие во 1923 година со Џон Меклауд, со кого исто така соработувал, ја добил Нобеловата награда за медицина. 1948.- Во Лондон бил објавен Манифестот на комунистичката партија, прв програмски документ на научниот комунизам, во кој се изложени основните идеи на марксизмот. Автори на Манифестот се Маркс и Енгелс. 1958.- Гамал Абдел Насер бил избран за прв претседател на Обединетата Арапска Република, федерација на Египет и Сирија. 1965.- Убиен бил Малколм Икс, водач на американските црнци во моментот додека во Њујорк зборувал на собир пред својата Афроамериканска организација на единството. 1972.- Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатувал во Пекинг со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. 1984.- Во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, умрел Михаил Шолохов, еден од најпопуларните руски писатели. Најпознати негови дела се „Тихиот Дон“, „Донски раскази“, „Разорана ледина“, „Судбината на човекот“ и други. Во 1965 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Станица Вешенскаја, на 24 мај 1905 година. 1991.- Умрела англиската балерина Маргот Фонтејн, една од најголемите во 20. век. Со извонредни успеси играла ширум светот во улогите на класичните балети „Жизел“, „Лебедово езеро“ и други. 1992.- Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка. 1999.- Посетата на индискиот премиер Атал Бихариј Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот во Кашмир, како и за намалување на ризикот од избивање војна. 2002.- Претседателот на САД Џорџ Буш ја посетил Кина, 30 години подоцна откако претседателот Ричард Никсон бил во нејзина посета и ставил крај на дведецениското непријателство меѓу Вашингтон и Пекинг. ###

Остани поврзан