Надал против Фриц во финалето на Акапулко
- На овој начин, Надал го запиша својот 13-ти успех од 14 натпревари со Димитров и во утрешното финале на турнирот ќе се соочи со Американецот Тејлор Фриц.

Акапулко, 29 февруари 2020 (МИА) - Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал го победи Бугаринот Григор Димитров со 6-3, 6-2 во полуфиналето на турнирот АТП 500 во Акапулко.
На овој начин, Надал го запиша својот 13-ти успех од 14 натпревари со Димитров и во утрешното финале на турнирот ќе се соочи со Американецот Тејлор Фриц.
Тој порано денеска го совлада својот сонародник Џон Иснер со 2-6, 7-5, 6-3.