• петок, 05 декември 2025

Надал не се гледа себеси како тренер во наредните години

Надал не се гледа себеси како тренер во наредните години

Мадрид, 25 јуни 2025 (МИА) - Еден од најголемите тенисери во историјата на спортот - Рафаел Надал, објави дека засега не се гледа себеси како тренер во наредните години. Тој нема да го следи примерот на другите шпански тенисери, како што се Карлос Моја и Хуан Карлос Фереро, кои успешно се преквалификуваа како тренери.

-Не знам, тешко е да се каже. Денес не се гледам себеси како тренер. Има многу други работи за кои морам да размислувам, но сигурно е дека тенисот е голем дел од мојот живот. Ова е мојот живот сега, не знам што ќе се случи за три или четири години“, рече Надал во интервју за својот поткаст „Про-Хелт“.

Додаде дека веќе нема дневна рутина како кога бил професионален тенисер. 

-По толку години посветеност на истата работа, сега е време да пробам различни работи и да видам што ми се допаѓа повеќе или помалку. Мојата адаптација беше брза и јас сум среќен, но треба повторно да изградам рутина. Сега сум тука, потоа има друг настан, утре имам средби, објасни Шпанецот, кој има 22 Гренд слем титули. дс

Фото: Архива

Остани поврзан