• петок, 20 декември 2024

Надал за УС Опен: Не сум арогантен…

Надал за УС Опен: Не сум арогантен…
Њујорк, 5 август 2020 (МИА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде мислење по повод УС Опен, иако нема да учествува во него. Тој во вторникот објави дека се откажува од идејата да се појави на северноамериканскиот Гренд слем турнир. Како што истакна, тој не сака да се соочи со ризикот што го предизвикува пандемијата на коронавирус. - Се уште ќе биде голем турнир со голема титула. Не сум толку арогантен да мислам дека УС Опен нема да биде важен, бидејќи јас не доаѓам. Точно е дека неколку големи имиња нема да бидат таму, но кој и да победи на турнирот, не треба да биде помалку горд отколку да беше било кој претходен Гренд-слем, вели 34-годишниот тенисер. Минатогодишниот победник на УС Опен нема да се бори за својата петта титула во Големото јаболко оваа година, но ќе го гледаме на неговиот омилен турнир - Ролан Гарос. Се разбира, под услов турнирот да се одржи. - Верувам дека ќе се одржи Ролан Гарос. Размислувам за тоа и се подготвувам за тоа, но ќе мора да видиме што ќе се случи, како ќе се одвива сè, затоа што ситуацијата се влоши во изминатите неколку недели. Се надевам дека ќе бидам таму доколку се обезбедат услови. Тоа е мојот план, додаде Надал, кој го освои 12 пати турнирот, вклучувајќи ги и претходните три сезони. Ролан Гарос треба да стартува на 27 септември, само две недели по крајот на УС Опен.

Тагови

Остани поврзан