• петок, 05 декември 2025

Надал за случајот со допинг Синер: Имам доверба во системот и убеден сум дека сѐ е фер во оваа работа

Надал за случајот со допинг Синер: Имам доверба во системот и убеден сум дека сѐ е фер во оваа работа

Мадрид, 30 април 2025 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал продолжува да инсистира на невиноста на Јаник Синер.

Да потсетиме дека светскиот тенисер број еден беше дисквалификуван на три месеци по договор со ВАДА за клостебол, кој беше пронајден на допинг примерок во март 2024 година. Суспензијата ќе заврши на 4 мај.

- Не верувам дека Јаник, како тенисер број еден во светот, бил третиран од надлежните на некој посебен начин. Ова е мое мислење врз основа на она што го гледам. Му верувам на системот. 20 години ги поминав сите проверки и знам колку строго се контролира секој чекор. Затоа, уверен сум во исправноста на процесот. Да се ​​каже или мисли поинаку значи да се сомнева во правдата на светот. И јас сум убеден дека во ова прашање сѐ е фер, изјави Надал.

Синер објасни дека допингот му била внесен во организмот преку масажа од физиотерапевт кој не користел ракавици, а претходно има допир со забранетата супстанца. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан