• вторник, 26 ноември 2024

Награди за највешто играње табла, таблијада во Кавадарци

Награди за највешто играње табла, таблијада во Кавадарци

Кавадарци, 6 септември 2024 (МИА) - Традиционален натпревар во играње табла се реализира денеска во Кавадарци, во рамки на стопанско - културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.

-Годинава имаме 50 заинтересирани играчи за одмерување на „силите" во оваа древна игра, од нашата, но и од други општини. Наша цел е во иднина натпреварот да прерасне во меѓународен, рекоа за МИА од кавадаречката локална самоуправа.

Меѓу натпреварувачите има и млади и повозрасни, а меѓу нив се и четири припаднички на понежниот пол. Најдобрите, ќе бидат наградени. На настанот беше кажано дека расте бројот на млади и на припаднички на женскиот пол, кои практикуваат да играат табла. 

Дел од натпреварувачите, споделија дека се разликуваат по тоа како започнале да играат таблијада. Но, нагласија дека дошле со иста цел, да се забавуваат и да си ги одмерат вештините. 

Задоволство од настанот изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев кој и самиот заигра табла. Тој нагласи дека Општината и понатаму како и досега, ќе поддржува вакви и слични настани. 
свд/сст/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан