• сабота, 23 ноември 2024

Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска

Наградата „Актерот на Европа 2022“ за Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен во истоимената монодрама на Драмски театар - Скопје  ја доби главната награда за актерско остварување на Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен. - Жирито во состав, Мето Јовановски (претседател), Елена Трјаковска и Владимир Стојчевски, одлучи главната награда „Актер на Европа 2022“ за најдобро актерско остварување да им ја додели на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата во „Кармен“ на Драмскиот театар - Скопје, како и на Исмет Аземи за улогата во претставата „Четирите еполети“ од Градскиот театар од Митровица, Косово, соопшти Драмски театар-Скопје. Монодрамата „Кармен“ на ДТС премиерно беше изведена во мај минатата година. Ова е трета награда на Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот Фестивал на монодрамата во Битола и годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија. Драмски театар - Скопје информира дека во текот на летово ќе настапи на 62. „Охридско лето“ со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на 20 јули, а со претставата „Кармен“ на 15 јули ќе гостува на Вевченското културно лето и на 12 август на Бриони во Хрватска во рамките на Фестивалот РУТА. хс/сп/

Остани поврзан