• четврток, 16 мај 2024

Навико Академија ФМП прв полуфиналист во кошаркарскиот куп

Навико Академија ФМП прв полуфиналист во кошаркарскиот куп
Скопје, 14 мај 2021 (МИА) – Екипата на Навико Академија ФМП попладнево го победи Пелистер со 100:98 и се избори за полуфинале што е најголем успех во историјата на клубот од Кисела Вода. Тренерот на Академија ФМП, Александар Петровиќ ги пофали своите избраници за пожртвуваната игра во текот на целиот меч. - Сигурно дека имаше и некое потценување од страна на противникот што се должи на двете нивни победи во првенството досега. Момците дадоа срце, изгоревме на терен и заслужено победивме. Тоа што претходно се договоривме го исполнивме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот. Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона. Сега следува да се смириме, да одмориме и со ладни глави да одиме во нова победа, изјави Петровиќ. До крајот на денот, во останатите четвртфинални средби се среќаваат: Работнички – ТФТ Еуроникел – Гостивар МЗТ Скопје Аеродром – Куманово. зс/

Остани поврзан