• вторник, 14 мај 2024

Навивач почина на трибините за време на НБА натпревар меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс

Навивач почина на трибините за време на НБА натпревар меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс

Сакраменто, 5 декември 2023 (МИА) - Навивач почина на четвртфиналниот натпревар на куп-натпреварот во НБА меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс (117:127). Средбата се одржа рано утрово во Сакраменто.

- Во текот на првата четвртина од натпреварот на еден навивач му беше потребна итна медицинска помош. Брзата помош веднаш реагираше. За жал, овие напори останаа залудни и навивачот почина. Организацијата изразува најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските, се вели во клупското соопштение на „Кралевите“.

Според ESPN, починатиот бил маж на околу 30 години. Лекарите се бореле за неговиот живот, но 20 минути подоцна била констатирана смрт. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан