• петок, 05 јули 2024

Навивач во Бруклин на натпревар фрли чаша кон Дончиќ и беше приведен (видео)

Навивач во Бруклин на натпревар фрли чаша кон Дончиќ и беше приведен (видео)
Њујорк, 28 октомври 2022 (МИА) – Бруклин ноќеска на домашен терен загуби од Далас со 129:125 по продолжение на натпревар кој го одбележа инцидент. Средбата се одржа во „Барклис центарот“ во Њујорк, а во дополнителни пет минути навивач фрли чаша кон лидерот на Далас, Лука Дончиќ во моментот кога Кевин Дурант изведе слободно фрлање.

Портпаролот на Бруклин подоцна изјави дека предизвикувачот бил уапсен. Словенецот постигна трипл-дабл со 41 поен. зс/

Остани поврзан