• недела, 22 декември 2024

Навивачи на Феенорд и Рома предизвикаа инциденти во Тирана пред финалето на Конференциската лига

Навивачи на Феенорд и Рома предизвикаа инциденти во Тирана пред финалето на Конференциската лига

Тирана, 25 мај 2022 (МИА) - Навивачи на Феенорд и Рома се судрија со полицијата во Тирана, каде вечер ќе се одржи финалето на Конференциската лига.

Локалните медиуми јавуваат за неколку акти на насилство што се случиле на најмалку три места низ градот. Службениците за спроведување на законот мораа да употребат солзавец. Има десетина повредени полицајци, додека осум навивачи на Феенорд се уапсени затоа што удриле Албанец со стол додека тој ги провоцирал со јавна поддршка за Рома. Албанскиот жител морал да биде пренесен во болница.

Исто така, околу 200 навивачи на холандскиот тим се судрија со полицијата обидувајќи се да стигнат до местото каде што се наоѓаат навивачите на Рома.

За возврат, навивачите на италијанскиот клуб исто така ги нападнале полицајците со шипки и камења. Оштетен е полицискиот автобус. Според полицијата, уапсени се вкупно 60 навивачи на двата тима.

Финалето на Конференциската лига на УЕФА меѓу Рома и Феенорд ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан