Навивачи на Манчестер јунајтед и на Тотенхем се тепаа пред финалето на ЛЕ во Билбао
- Масовна тепачка избила меѓу навивачите на Манчестер јунајтед и Тотенхем пред финалето на Лига Европа во Билбао.

Манчестер, 21 мај 2025 (МИА) - Масовна тепачка избила меѓу навивачите на Манчестер јунајтед и Тотенхем пред финалето на Лига Европа во Билбао.
Според шпанскиот медиум „El Diario Vasco“, конфликтот се случил вчеравечер кога групи навивачи на клубовите се сретнале на една од улиците на Билбао. Откако си размениле навреди, меѓу нив настанала општа тепачка. На неколку повредени им била потребна медицинска помош, но одбиле хоспитализација.
Манчестер јунајтед и Тотенхем ќе играат во финалето на Лига Европа вечер со почеток во 21 часот.
Победникот од оваа пресметка ќе избори учество во Лигата на шампионите сезоната 2025/26. зс/
Фото: ЕПА