Набљудување на Месечината со Скопско астрономско друштво во Кочани
- Скопското астрономско друштво и ЦПКА - Малинска, вечерва, на платото пред НУЦК „Бели мугри“ во Кочани со почеток од 19 часот ќе овозможат набљудување на Месечината.
Кочани, 6 август 2025 (МИА) – Скопското астрономско друштво и ЦПКА - Малинска, вечерва, на платото пред НУЦК „Бели мугри“ во Кочани со почеток од 19 часот ќе овозможат набљудување на Месечината.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се придружат и да го погледнат одблизу природниот сателит на нашата планета.
Активноста се реализира како најава за содржините од програмата за млади „Лето во друштво“, којашто ќе трае од 11 до 23 август. ис/ра
Фото: Скопско астрономско друштво