• вторник, 26 март 2024

Наби Кеита се сели од Ливерпул во Вердер Бремен

Наби Кеита се сели од Ливерпул во Вердер Бремен

Берлин, 9 јуни 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита, кому му завршува договорот со Ливерпул, кариерата ќе ја продолжи во Вердер Бремен, објави „Билд“.

 

Според германскиот весник, зделката е веќе договорена и завршена.

 

Ливерпул најави заминување на Кеита по крајот на сезоната во мај. Договорот на Гвинеецот завршува на лето. За англискиот клуб настапува од 2018 година.

 

Кеита минатата сезона забележа 13 настапи во сите натпреварувања без да постигне гол. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан