Мјанмар одржува втора фаза од парламентарните избори организирани од воената хунта
- Втората фаза од парламентарните избори започна денеска во Мјанмар, каде што владејачката воена хунта ветува враќање во демократијата по гласањето, што западните набљудувачи го осудија како маневар за продолжување на воената власт.
Најпидо, 11 јануари 2026 (МИА) - Втората фаза од парламентарните избори започна денеска во Мјанмар, каде што владејачката воена хунта ветува враќање во демократијата по гласањето, што западните набљудувачи го осудија како маневар за продолжување на воената власт.
Војската владее со земјата од Југоисточна Азија од нејзината независност во 1948 година, освен краткиот период на демократија што предизвика бран реформи и оптимизам помеѓу 2011 и 2021 година.
Војската ја презеде власта со државен удар пред пет години, кога резултатите од претходните избори беа поништени, а продемократската лидерка Аунг Сан Су Ќи беше уапсена.
По пет години владеење со сила, хунтата ги претставува овие парламентарни избори, кои треба да завршат на 25 јануари по третата фаза, како чекор кон помирување, објавија странските медиуми.
Но, 80-годишната Аунг Сан Су Ќи останува во затвор, а нејзината партија, Националната лига за демократија (НЛД), е распуштена.
Изборите, кои беа обележани со репресија врз неистомислениците против листите составени главно од провоени партии, беа осудени од многу земји и меѓународни набљудувачи.
Партијата на Унијата за солидарност и развој, која експертите ја сметаат за цивилно крило на хунтата, освои речиси 90 проценти од местата во Долниот дом во првиот круг од гласањето кон крајот на декември.
Со население од околу 50 милиони, Мјанмар е опустошен од граѓанска војна, а изборите воопшто не се одржуваат во големи области контролирани од бунтот.
Излезноста во првиот круг кон крајот на декември беше околу 50 проценти, што е значително намалување од излезноста од 70 проценти на изборите во 2020 година, на кои партијата на Аунг Сан Су Ќи ја донесе на власт. мс/