Мјанмарската хунта изведе брутален воздушен напад врз училиште – загинаa 20 ученици и двајца наставници, 50 лица повредени
- Училиштето, што го води Националната влада во сенка, се наоѓа во градот Депајин во регионот Сагаинг во централен Мјанмар, околу 160 километри северно од Мандалај и недалеку од епицентарот на земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март, пренесуваат британските медиуми.
Мандалај, 12 мај 2025 (МИА) - Во воздушен напад на владејачката хунта во Мјанмар врз област контролирана од опозицијата, убиени се 20 ученици и двајца наставници, додека 50 лица се повредени, покажува најновиот биланс на жртви од нападот објавен од локалните медиуми.

Претходно, Владата во сенка на Мјанмар објави дека најмалку 17 ученици се убиени, а 20 повредени во нападот врз едно училиште, извршен и покрај прекинот на огнот прогласен по катастрофалниот земјотрес во земјата кон крајот на март.
Училиштето, што го води Националната влада во сенка, се наоѓа во градот Депајин во регионот Сагаинг во централен Мјанмар, околу 160 километри северно од Мандалај и недалеку од епицентарот на земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март, пренесуваат британските медиуми.
Минатата недела, воената хунта на Мјанмар објави дека го продолжува примирјето до 31 мај, прогласено веднаш по земјотресот, но воените воздушни напади и артилериските напади продолжија во некои делови од земјата.

Мјанмарската хунта го продолжи привремениот прекин на огнот за да ги поддржи напорите за обнова на земјата по земјотресот во март во кој загинаа најмалку 3.700 лица и беа уништени делови од земјата.
Националната влада во сенка ги претставува остатоците од избраната администрација во земјата, која беше соборена од војската со државен удар и други групи кои се спротивставуваа на воената хунта.сд/
фото?Х