• сабота, 21 декември 2024

Муцунски: Правосудните органи да бидат неселективни, да направат темелна истрага во случајот „Мафија“ 

Муцунски: Правосудните органи да бидат неселективни, да направат темелна истрага во случајот „Мафија“ 
Скопје, 9 април 2021 Веројатно и вие и целата македонска публика е шокирана од информациите кои излегуваат како резултат на аферата Мафија. Јас лично сум шокиран од фактот дека огромен број, стотици криминалци со меѓународно досие слободно влегувале во Република Македонија и потоа веројатно излегувале од Република Македонија со македонски патни исправи, рече пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител. Шокиран сум од фактот дека е откриено дека во последните години токму ова се случувало во нашата држава, дека токму ова се случувало во институциите на системот, во МВР и наместо некој да понесе одговорност, од владата слушаме дека треба да им честитаме што откриле дека неколку години овој срам за државата се случувал. Искрено да ви кажам низ призмата на фактот дека е нарушена меѓународната репутација на државата, најмногу сум шокиран од страна на Владата која што постојано пропагира европски вредности, почесто на хартија отколку во пракса, но проповеда такви европски вредности, што не видовме еден европски морален чин, а тоа е оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи во чија што институција се случувал овој срам за државата, вели Муцунски. Муцунски истакна дека откако опозицијата добила кредибилни информации од страна на свиркачи веднаш објавила за овој скандал, укажувајќи дека таа има одговорност пред граѓаните да ги информираат, посочувајќи дека се надева дека правосудните институции ќе бидат на висината на задачата и нема да бидат селктивни како што беа до сега, и ќе дојдат до вистинските чинители кои што дозволиле стотици криминалци со меѓународно досие да влезат во Македонија. Во моментот кога опозицијата доби кредибилни информации дека ова е  вистинито и се потврдија овие информации од страна на свиркачи, ние веднаш го објавивме тоа, притоа на крајот видов и едни апсурдни обвинувања дека опозицијата го саботирала овој процес. Опозицијата има одговорност пред граѓаните кога ќе добие вакви информации за злоупотреба на институциите, а кога е очигледно дека институциите на системот, како што се покажа во аферата Мафија немаат капацитет сами да се справат со сериозните недоследности кои што во овој момент сериозно влијаат негативно и на нашиот безбедносен систем, и на нашиот меѓународен бизнис, веројатно може да трпат штета и граѓаните и бизнисите од одредени причини заради овој скандал. Ние како опозиција ќе стоиме цврсто позади јавното објавување на сите потребни документи и очекувањето дека правосудните институции ќе бидат на висината на задачата и нема да бидат селективни како што беа до сега, и ќе дојдат до вистинските чинители кои што дозволиле стотици криминалци со меѓународно досие да влезат во Македонија, слободно да се движат во нашата држава и потоа да ја напуштат нашата држава со македонска патна исправа, нагласи Муцунски. Муцунски лично не верува дека службеници од најниско ниво можат да реализираат вакво нешто како во случајот Афера, додавајќи дека мора да има чин на оставка од страна на сите носители на високи политички функционери во чие време се случувало ова. Во таква институција како МВР, земајќи во предвид за какви поединци се работело, искрено да ви кажам јас се сомнева дека службеници од најниско  ниво можат да реализираат вакво нешто. Но тоа е мој личен сомнеж затоо очекувам да немаме само селективна истрага, туку да видиме вистинска истрага од ЈО, а истовремено сите носители на високи политички функции во чие што време се случувале овие дејствија поврзани со аферата Мафија, е нормално , европски да преземат еден морален чекор да дадат оставка а потоа да дозволат институциите на системот да истражат дали кај нив имало или немало кривична одговорност, објасни Муцунски. Пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во тема на денот во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека обидите на власта да ја обвинат опозицијата за случајот „Мафија“ е само обид  на власта за политички де фокус и бегање од фактот дека овој скандал негативно влијае врз имиџот на државата. Фактот дека е потребно институциите на системот посебно правосудството да направат темелна истрага и веројатно ќе дојдат до вистинските одговори. Но, фактот дека се прави во овој момент обид да се обвини главната опозициска партија, која притоа нема никаков удел во раководењето во овој момент на МВР и во најголемиот дел во овој период дури се случувале овие дејствија е само политички де фокус и бегање од фактот дека скандалот, односно овие случувања поврзани со скандалот Мафија се огромен срам за имиџот на Република Македонија и треба да дојдеме до вистинска и темелна истрага која што ќе го даде одговорот, бидејќи прво ова не смееме да дозволиме да се повтори никогаш повеќе, но истовремено треба да знаеме дали некој профитирал од ова и како е дозволено на стотици ваквите поединци да им се вадат македонски патни исправи, смета Муцунски. Тоа што наши меѓународни партнери помогнале да откријат што се случувало во Република Македонија уште повеќе говори за неспособноста на институциите на системот сами да идентификуваат кога имаме вакви случувања. Што е проблемот во Македонија? Во последните 4 години се култивира еден систем на неодговорност, нетранспарентност, систем каде што вие гледате дека институциите погрешиле, дека институциите не функционираат, но никако политичките чинители кои раководат со тие институции во чие што време се случувале сите овие појави да преземат конкретна одговорност. Се некој друг е крив, се заради некој друг дошло до вакви случувања, а четири години СДСМ и ДУИ се на власт, рече Муцунски.

Народна Банка ни кажува дека инфлација треба да не очекува, дека секојдневно гледаме раст на цените на производите во маркетите, дека во делот на прилив на странски инвестиции сме последни во регионот во последните три години и сте целосно во право дека некој треба да преземе одговорност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во Централниот дневник на телевизија Сител.

Муцунски нагласи дека петтиот економски пакет во Собранието бил испратен уште на 16 февруари, но истиот седел во фиока на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред.

Проблемот е кога вие димензионирате мерки согласно дневни политички потреби, еве конкретно за економските мерки во Собранието. Тие беа испратени во Собранието на 16 февруари, прво месец дена седеа во фиоките на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред. Во моментот повторно има блокада од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива и ги повикувам сите политички субјекти, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен уште утре да се изгласа тој пакет помош, кој што е недоволен, но ќе значи нешто за компаниите, вели Муцунски.

Тоа што мене ме загрижува е што во моментот имаме според мислењето на сите здравствени експерти задоцнети здравствени мерки, јас примарно мислам бидејќи некој мислеше овој месец да организира попис, па затоа немаше соодветни здравствени мерки, но во тој период кога беше очигледно дека ќе се воведуваат нови здравствени мерки, кога сите експерти повикуваа на тоа, зар немаа капацитет да димензионираат дополнителни економски мерки за одредени гранки, индустрии, сектори кои што дополнително ќе бидат силно удрени од овие мерки во моментот. Угостителството, туризмот нема никакви дополнителни мерки, работни места се губат, компаниите се неликвидни, граѓаните не примаат плати и не можат нормално да живеат, додаде Муцунски.

Оваа е влада која нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот систем, капацитет да ги апсорбира шоковите во економскиот систем, туку функционира ден за ден, смета Муцунски.

На прашањето каде е решението, Муцунски рече:

Решението е вие да имате стратешка заложба за планирање во делот на економијата и во делот на здравството и ние како опозиција постојано нудиме решенија, начини и проекти и што може да се направи подобро и во делот на директна помош на  угостителството, и во директна помош на туризмот, и во делот на директна помош на најранливите категории граѓани кои што не се предвидени со овие мерки. Но, се нема капацитет да се прифатат ставовите на опозицијата, бидејќи нема капацитет парламентарното мнозинство за вистински политички дијалог.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан