Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
- - Денеска, заокруживме уште една важна и успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ, шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за разбирање, за развој, модернизација и за дигитализација на Владата и државната администрација. Со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретнавме и со претседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијспора во ОАЕ. Оваа посета потврди дека постои потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, наведува Муцунски.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.