• четврток, 15 јануари 2026

Муцунски на свечен прием заедно со ГС на НАТО и претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора

Муцунски на свечен прием заедно со ГС на НАТО и претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Во рамките на Парламентарното собрание на НАТО, имав чест заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателите на Албанија, Косово и Црна Гора, премиерот и министерот за надворешни работи на Хрватска, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина и други лидери од регионот – да присуствувам на свечениот прием што се одржа на локацијата каде што беше потпишан Дејтонскиот договор, во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“.

Ова го објави на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

- Во контекст на значењето на Дејтонскиот договор за регионот ја нагласивме потребата од засилена регионална соработка, стабилност и безбедност, напиша Муцунски на Фејсбук. цр/лв/

Фото: ФБ на министерот Тимчо Муцунски

Остани поврзан