• петок, 05 декември 2025

Муцунски во работна посета на Швајцарија

Муцунски во работна посета на Швајцарија

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска до петок престојува во работна посета на Женева, Швајцарија.

Како што соопштија од МНРиНТ, во рамки на посетата, министерот ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева.

Покрај обраќањето, предвидено е министерот да го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева, а во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста, најавено е да говори и на прием организиран за македонската дијаспора во овој дел на Швајцарија.

- Предвидени се и билатерални средби со генералниот директор на Светската трговска организација, со заменикот висок комесар за човекови права, со директорот на Женевскиот центар за безбедносни политики, како и со специјалниот известувач за малцински прашања при Советот за човекови права на Обединетите Нации, посочија од Министерството. бд/са/

Фото: „Фејсбук“ - страница на министерот Тимчо Муцунски

Остани поврзан