Муцунски домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин Саад Ал Мураики
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан Бин Саад Ал Мураики, кој престојува во официјална посета на нашата држава, соопшти Министерството.
Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан Бин Саад Ал Мураики, кој престојува во официјална посета на нашата држава, соопшти Министерството.
Двајцата министри се согласиле дека посетата претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена.

-На средбата стана збор и за севкупните односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно унапредување, при што беше изразено задоволство од досегашната соработка, вклучително и во рамките на мултилатералните организации. Посебно внимание беше посветено на развојот на економските и бизнис-релациите, како и на потенцијалот за унапредување на образовната и културната соработка, се вели во соопштенито од МНРиНТ.
Дополнително, биле отворени прашања поврзани со унапредување на договорната рамка, повторно воспоставување на директната авионска линија Скопје-Доха, како и други форми на секторска соработка.
Разговорите опфатиле и теми од регионален и меѓународен карактер, вклучително и актуелните глобални предизвици од заеднички интерес за двете земји. сст/дма/
Фото: МНРиНТ