Муцунски во Вашингтон ќе се сретне со државниот секретар на САД, Рубио
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Стејт департментот во Вашингтон ќе има средба со државниот секретaр на САД, Маркo Рубио.
Вашингтон, 29 мај 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Стејт департментот во Вашингтон ќе има средба со државниот секретaр на САД, Маркo Рубио.
Средба, како што е објавено на веб страницата на Стејт департментот, е закажана во 9:30 часот по локално време.
Средбата Муцунски - Рубија денеска од собарнсиката говорница во Скопје ја најави и премиерот Христијан Мицкоски.
Муцунски на почетокот на април имаше куса средба со Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел. Во објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски тогаш наведе дека со Рубио имале „кратка, но многу продуктивна средба“.
- Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи, наведе Муцунски во објавата.
Шефот на македонската дипломатија деновиве престојува во САД по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.са/
Фото: МИА архива