• четврток, 26 март 2026

Муцунски во Белфаст на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес

Муцунски во Белфаст на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес

Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) - Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денеска и утре се одржува во Белфаст.

Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст на процесот на проширување на Европската унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На состанокот ќе учествуваат министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите–членки на Европската унија вклучени во Берлинскиот процес.

На маргините од настанот, предвидено е министерот Муцунски ќе има повеќе билатерални средби.са/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан