• недела, 22 декември 2024

Мутираната варијанта на коронавирусот откриена и во Австрија

Мутираната варијанта на коронавирусот откриена и во Австрија
Виена, 4 јануари 2021 (МИА) - Мутираната варијанта на новиот коронавирус, која првпат беше откриена во Велика Британија, пронајдена е и во Австрија, соопшти денеска австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер. Со новата варијанта заразени се четири лица во главниот град Виена, рече Аншобер. Сите четири лица биле доброволно тестирани на аеродромот во Виена. Меѓу заразените е и 12-годишно девојче кое пристигна во Австрија на 18 декември, рече министерот. Сите заразени лица засега имаат само благи симптоми и во моментов се во самоизолација. Друг заразен е 30-годишен Австриец, кој во земјата дошол на 6 декември од Јужна Африка. Новата мутација, за која се смета дека е многу позаразна од претходните варијанти на овој вид коронавирус, првично беше откриена во Велика Британија и сега се шири во европските земји. Според досегашните сознанија, коронавирусот е помалку подложен на мутации отколку вирусот на грип. ссм/

Остани поврзан