• петок, 05 декември 2025

Мусијала би можел да се врати во составот на Баерн до крајот на декември

Мусијала би можел да се врати во составот на Баерн до крајот на декември

 

Минхен, 2 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, би можел да се врати во составот на германскиот шампион пред крајот на календарската година.

Мусијала е надвор од терените од јули, кога ја скрши ногата за време на Светското клупско првенство во САД.

Според извештаите Мусијала веќе се врати во тренажен процес и во Баерн очекуваат дека наскоро би можел да биде целосно подготвен за настапи.

„Веруваме дека може да се врати во првиот тим некаде во декември. Нашите очекувања се дека ќе одигра неколку минути во последните натпревари од годината и ќе биде 100 проценти подготвен во јануари“, изјави членот на Бордот на директори на Баерн, Макс Еберл, цитиран од агенцијата ДПА.

Баерн е првопласиран на табелата во Бундеслигата со максимален број бодови по 15 кола, што е рекорд сезонава во петте најсилни европски лиги. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан